ПРАКТИЧНИ ПРЕДАВАЊА




Здружението на производители на органска храна ОРГАНО-ЛОГИСТИК - СТРУМИЦА во партнерство со ЗП МЛЕЧ од 3 мај започна со практичната обука за производство на пчелни матици по иновативни методи Јентер и Никот. Првите три дена се транспортираа семејствата донори за да се адаптират на околината. Беа соодветно поставени на предвидените места. Активноста се спроведуваше во доцните попладневни часови. За сето тоа време на демонстративниот пчеларник беа присутни и координаторот, администраторот и одговорното лице, а останатите пчелари се менуваа во зависност од терминот кој одговараше за завршување на нивните активности. Иако временските услови не беа добри за спроведување на обуката сепак со мала корекција успешно се спроведуваа активностите. Беа одржани 15 обуки ор различен карактер. Обуките се спроведуваа во два последователни дена, односно една група пчелари обуките ги посетуваа во предвидениот термин, а останатите, или оние кои не можеа да бидат присутни во предвидениот термин можеа тоа да го сторат наредниот ден, со што се створија подобри и порелаксирачки услови сите пчелари да присуствуват на обуките.

Галерија
Припрема на терен



Припрема на инвентар



Поставување инвентар



Поставување семејства



Поставување на матица-домар



Производство на матици



Припрема на инвентар за нуклеуси



Формирање нуклеуси



Додавање на матица во нуклеуси



Контрола на нуклеуси



Преместување на нуклеуси



Контрола на развој





Овој проект се спроведува како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Вратете се назад