ВТОРИ ТЕОРЕТСКИ ПРЕДАВАЊА




Здружението на производители на органска храна ОРГАНО-ЛОГИСТИК - СТРУМИЦА во партнерство со ЗП МЛЕЧ ги реализираа и вторите две предавања кои беа направени на 15 и 16 март во Хотел ТИВЕРИОПОЛ во Струмица. На предавањата беа присутни околу 40 пчелари и пчеларки. Вториот ден на демонстративниот пчеларник се презентираа и условите кои треба да ги исполнат пчеларите за да бидат дел од корисниците на проектот. Присутните беа известени дека третите теоретски предавања ќе бидат спроведени на 29 и 30 март.

Mетоди на размножување на пчелните семејства
Начините за производство на селектирани матици по органски пат

Галерија




Овој проект се спроведува како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Вратете се назад