ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ




Здружението на производители на органска храна ОРГАНО-ЛОГИСТИК - СТРУМИЦА во партнерство со ЗП МЛЕЧ на 31-01-2019 направи презентација на проектот за производство на матици по иновативни методи КРАЛИЦАТА МАЈКА - МАТИЦА каде беа поканети околу 65 пчелари и пчеларки од регионот. Заинтересираноста беше огромна бидејќи ова беше прв ваков настан реализиран во Општина Струмица. Координаторот на проектот го претстави проектот и ги објасни условите кои треба да ги исполнат корисниците за да може да ги посетуваат теоретските и практичните предавања од проектот. Присутните беа известени дека првите теоретски предавања ќе бидат спроведени на 15 и 16 Февруари.

Галерија



Овој проект се спроведува како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).



Вратете се назад