Добредојовте!
Интернет страницата Органско Производство е дизајнирана да овозможи лесен пристап до контакт информациите на органските производители и понудата на домашни органски производи.
Нашата интернет страница им овозможува на произовдителите во секое време и од секое место да ги внесат производите кои ги нудат на пазарот и да ги гледаат своите нарачки, количината која ја имаат нарачано како и датата за кога производот треба да им биде спремен.
Купувачите пак исто така од секое место и во секое време можат да проверат дали производите кои ги бараат се достапни во моментот, која количина можат да ја набават и од кој производител.
Доколку и Вие производувате/купувате органски производи и сакате дирекно да ги продадете/купете од производителот/купувачот , нашата
веб страна е вистинското место!
Купувањето на производи дирекно од производителите често пати значи дека добивате производи кои се со подобар квалитет, посвежи или направени по домашен рецепт. Дополнително со купувањето дирекно од производителот често значи и купување по пониска цена бидејки се исклучуваат посредниците.